Овен (21.03 – 20.04)
Ќе почувствувате потреба за љубовно зближување или нова романса. Препуштете им се на вашите чувства и нема да погрешите. Новите случувања кои ќе ве исполнат со големо задоволство или љубовна среќа ќе бидат дополнителен стимул.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте ништо што е многу важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Без оглед колку ви е тешко, секогаш пронаоѓате одличнo решение за излез од лошата материјална ситуација. Не е момент премногу да се нервирате ако работите тргнат на лошо, оставете му време на проблемот и ќе биде успешно решен.
Рак (22.06 – 22.07)
Напредувањето на работа не подразбира лесен семеен живот. Ќе се појават нови обврски и ќе морате да им посветите помалку време на драгите лица. Кога станува збор за љубовта работите можат да се искомплицираат доколку не ги дефинирате јасно своите приоритети.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе доживеете конечно олеснување на деловен план. Не се срамете да побарате помош. Солидна финансиска ситуација. Се гледа крајот на мачната врска во која сте заглавени, ве очекуваат пријатни изненадувања. Внимавајте во сообраќајот.
Девица (23.08 – 22.09)
Го покажувате својот максимум на работа. Вашата кариера и денес ќе стагнира но не се грижете следат подобри денови во блиска иднина. Секоја деловна понуда која може да ви помогне на финансиски план треба да ја прифатите.
Вага (23.09 – 22.10)
Морате да имате доволно трпение и доволна мудрост во смислувањето на добри потези, но немојте да ги надминете своите овластувања кои се регулирани со заедничкот договор или партнерството. Во љубовта повлекувате погрешни потези.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не ја прифаќате можноста работата да ви тргне во лоша насока. Сметајте дека една блиска личност може пријатно да ве изненади. Многу слободни Шкорпии можат да најдат партнер за брак.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе бидете многу задоволни доколку зграбите некоја добра прилика и ако најдете заеднички јазик со некој. Релативно бурен љубовен живот, особено ако се занимавате со работа во која често патувате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не си дозволувајте проблеми или да постанете жртва на љубоморните интриги и тоа поради некоја личност која не ви е толку блиска. Со поттикнувањето на емотивното ривалство се зголемува незадоволството. Посетата на подалечен роднина ќе ве натера на размислување.
Водолија (21.01 – 19.02)
Сакате да дејствувате на многу полиња, енергични сте, кога ќе наумите нешто, тешко можат да ве сопрат. Потрудете се да ги одбегнете проблемите со финансиите, партнерот ве обожава, поминете го секој слободен миг со него.
Риби (20.02 – 20.03)
Насочете ја целата своја креативна енергија кон приоритетите, а потрудете се и да делувате истовремено на повеќе страни. Понекогаш се изгледа можно или достижно, особено ако ве следи среќата и поддршката од пријателите.