Се породи Хурем Султан и донесе уште едно девојче: (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Германската актерка со турско потекло Мерјем Узерли, најпозната по улогата на Хурем Султан во серијата Сулејман Величенствениот, се породи вчера и на свет донесе девојче.

Во медиумите во Турција но и во Германија на големо се пишуваше за нејзината бременост а таа направи дури и трудничка фотосесија заедно со својата прва ќерка. Пред неколку дена таа на Инстаграм со своите следбеници сподели фотографија од породилиштето и упати емотивни зборови.

На 8 јануари 2021 година, најдраго мое. Тато и јас сме пресреќни што дојде во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи. Биди секогаш бескрајно заштитена, напиша актерката.

Мерјем веќе ја има ќерката Лара, која ја роди 2014 година додека беше во љубов со Кан Атеш, а таткото на својата втора ќерка не сакаше да го покаже на јавноста.