Се породи Сека Алексиќ и го промени името на синот во последен момент

ИЗВОРновлист
|

Пејачката Сека Алексиќ на почетокот на јуни 2019 година се пофали дека е повторно во блажена состојба. Таа е во брак со Вељко Пиљикиќ, со кој го имаат синот Јаков.

Во првиот момент кога го открија полот на бебето, двојката соопшти дека ќе го носи името Исак. Иако прво кажа дека на момчето ќе му го даде името Исак, со оглед на тоа дека бебето се роди на голем празник, го доби името Јован.

Не е како што ние сакавме, но како Господ ќе каже. По нашата куќна слава Св.Јован, утрово се роди Јован, желбата на татко му е иста! Рече нека се вика Јован. Ако следното бебе биде момче ќе се вика Исак- напиша Сека под фотографијата на Инстаграм од штотуку родениот син.