Според календарот на МПЦ (ЈУлијанскиот келандар) денеска е 6. февруари
Преподобен Свети Вукол, епископ Смирненски
Ученик на Св. Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господ.
А кога ги погребаа неговите свети мошти, Бог направина неговиот гроб да израсне мирта,која изцелувала и денес исцелува, од разни болести кои доаѓаат со верата.
Свети Фотиј Велики, Патријарх Цариградски
Свети Фотиј живеел во деветтиот век. Се родил во Цариград, во аристократско семејство, и стекнал одлично образование. Бил еден од најучените луѓе на тогашна Византија. Предавал во познатата Магнаурска школа, каде се учел и словенскиот просветител свети Кирил. Во 858 година бил посветен за цариградски патријарх. Посебно се прославил со неговата борба против искривувањето на верата од страна на римската црква. Преподобен Вукол е првиот епископ на град Смирна. За епископ бил поставен од свети апостол Јован Богослов.
Свети маченички Доротеја, Христина, Калиста и маченикот Теофил
Доротеја беше угледна и прекрасна девица од Кесарија Кападокијска. Управникот на областа Саприкија им ја даде Доротеја на двете незнабожечки сестри Христина и Калиста за да ја одвратат од Христа. Но, се случи обратно – Доротеја успеа да ги обрати обете сестри во верата Христова. Налутен, Саприкиј нареди и ги врзаа овие две сестри со плеќите една за друга, па ги фрлија во каца со смола и ги запалија. Тогаш ја осудија на смрт и Доротеја. Таа радосно ја ислуша пресудата и возвикна: „Ти благодарам, душељубче Христе, што ме повикуваш во Твојот Рај и ме воведуваш во пресветите дворци Твои!“ Некој присутен големец Теофил ѝ се насмеја на Доротеја за овие зборови и ѝ довикна: „Чуј, невесто Христова, испрати ми јаболки и цвеќе од шипинките од Рајот на твојот женик!“ „Навистина ќе ти испратам!“, му одговори маченичката. Кога Доротеја беше на губилиштето одеднаш се појави едно прекрасно момче со три чудесни јаболка и три црвени цвета од шипинки, а беше зима. Тоа беше ангел Господов.
Доротеја му рече на ангелот да му ги однесе на Теофил и да му рече: „Еве ти што бараше!“ Кога Теофил ја прими пораката и го виде дарот, сиот го обзеде страв. И сè се преврте во него, па тој, закоравен незнабожец, стана христијанин. Беше и мачен и убиен за Христа, а отиде со душата во Рајот на Господа Исус набрзо после светата Доротеја.