“СЕ ВРАТИВ” На профилот на Боки 13 се појави мистериозна објава

ИЗВОРНов Лист
|

Бојан Јовановски-Боки 13 осуден е на затворска казна од 9 години.

На контроверзната ѕвезда, наводно, неколку пати му била одбиена жалбата на одлуката на скопскиот Кривичен суд за притвор, како и барањето да биде префрлен во домашен притвор поради лошата здравствена состојба.

Неодамна на Твитер се појави фотографија од затвор на која го гледаме Боки на кревет, опкружен со 7 мажи , а сега на неговиот официјален Инстаграм профил се појави мистериозна приказна.

– Се вратив – пишува на англиски, над слика на човек со качулка. Многу брзо сликата беше избришана.

Дали ја објавил сликата тој или неговиот профил бил хакиран, останува да видиме.