Секогаш и била како ветер во грб – Еве како денес изгледа мајката на Цеца Ражнатовиќ

ИЗВОРНов Лист
|

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ често истакнува колку е горда на фактот што нејзините родители секогаш ја поддржувале во текот на нејзината кариера и и биле ветер во грб.

Иако не се експонираат јавно, а по сопствен избор живеат затскриен живот далеку од очите на јавноста, Слободан и Мира се секогаш интересна тема.

Гордите родители на балканската дива, иако живеат далеку од главниот град, не пропуштија ниту еден важен настан во семејството.

Забележано е дека пејачката често ги споделува своите приватни моменти на социјалните мрежи, а одвреме навреме се појавува фотографија на која г-ѓа Мира плени со својата убавина, а многумина се запрашале како годините не оставаат трага на лицето на оваа дама.

Покрај големата сличност помеѓу мајката и ќерката, некои се и на мислење дека фолк дивата од неа ја наследила убавината.

Како што пренесува „Свет“, забележливо е дека мајката на пејачката со години изгледа исто, а во коментарите на „Инстаграм“ се наметна прашањето дали Цеца и платила за подмладување кога и во осмата деценија изгледа толку убаво и добро негувана.

Иако родителите на пејачката никогаш не сакале да зборуваат за медиумите, Цеца секогаш со задоволство зборува за нив и не крие дека од нив добила голема љубов и внимание и дека иако биле строги со неа и со нејзината сестра Лидија, таа нема поплаки.