Секој би посакал ваков подарок – Сара Мејс во топла новогодишна семејна атмосфера (ФОТО)

|

Пред неколку месеци мама Сара и тато Димитар ја добија својата прва среќа, ќеркичната Илина, но во јавноста сеуште не сакаат многу да ја покажуваат. Новогодишните и божиќните празници, се празници посветени на семејството и на пријатната семејна атмосфера, а накитената елка и домот со гаранција придонесуваат позитивна енергија за тоа.

Секој по свој вкус има замисла за тоа како треба да изгледа дрвцето кое носи радост во домот, а според приложеното на социјалните мрежи, Сара има нешто поинкава идеја за украсување во поглед на деталите на елката.

Покрај лампионите, вредната тазе мајка ја украсила елката со малечки јаболчиња кои доминираат и изгледаат неодоливо, но наубавиот детал на кој најмногу се радува таа е подарокот лампион на кој е напишано името на малечката Илина. Нема кој не би посакал да има ваков персонализиран подарок, кој има вистинско празнично значење.