|
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ неодамна прославија 28 години брак, а изгледаат заљубени како и првиот ден. Имено, парот моментално се наоѓа во Црна Гора каде го прославуваа и „Денот на вљубените“.
Пејачката и тенисерот биле видени како се шетаат покрај морето, а во текот на нивната прошетка неколку пати размениле нежности.
За оваа прлика Брена одбра нешто поопуштена комбинација односно тренерки во комбинација со јакна и патики.
Ни дождот не го спречи парот да ужива во романтичната прошетка.