Италијанскиот фудбалски агент Џузепе Паљари во јавноста излезе со сериозни обвиненија на сметка на легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Неговите тврдења го шокираа фудбалскиот свет, кој не може да поверува дека поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед бил дел од наместени натпревари. Исто така, Италијанецот вели дека го подмитил шкотскиот менаџер да го намести дуелот со Јувентус со часовник „Ролекс“ од 30 илјади евра.
Паљара е на судење заедно со уште неколку фудбалски соработници поради манипулација со тренери и играчи. Меѓу имињата спомнати се уште Сем Алардајс и Стив Мекларен.
Италијанскиот агент се закануваше дека знае големи тајни во врска со корупцијата во англискиот фудбал.
Во целата ситуација го вмеша и Антонио Конте, кој поради фудбалер наводно побарал мито со зборовите: „Ќе има ли кафе за мене?“.