Северина ѝ се заблагодари на јавноста за поддршката и за тоа што застана на нејзина страна, откако поранешниот спруг Милан Поповиќ ѝ го одзеде старателството над синот.
„Благодарам на сите што мислевте на мене. Посебно е чувството некому да си му во мислите, да те разбираат и да знаат „за што всушност станува збор“. Благодарам на сите јавни личности и на сите непознати кои ми дадоа поддршка. Во секој ваш збор почувствував мала молитва… Благодарам на Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и благодарам на сите кои живеат во дијаспората“, напиша Којиќ на „Инстаграм“.