Северина објави видео од емотивната средба со нејзината мајка (ВИДЕО)

ИЗВОРnovlist.mk
|

Хрватската пејачка Северина Којиќ на социјалните мрежи објави неколку видеа од нејзиниот спектакуларен концерт во Загреб, а најемотивно меѓу нив беше видеото од средбата со мајката Ана зад сцената.

Мајката на Северина дојде да ја прегрне ќерката, а нивната средба навистина беше емотивна.
Набрзо сите соработници на Северина започнаа да скандираат „Мама, мама!“, а Ана не можеше да ја сокрие гордоста и солзите радосници.

Видеото на Инстаграм за само неколку минути собра повеќе од 40.000 прегледи.

Северина објави видео и од изведувањето на песната „Rođeno moje” која му ја посвети на синот Александар кој не присуствуваше на концертот во Загреб.