Во рок од 10 дена Вељко Ражнатовиќ освен жена, си доби и диплома

ИЗВОРnovlist.mk
|

Вељко Ражнатовиќ, синот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, неодамна се ожени со неговата девојка Богдана и даде тема за разговор на целиот Балкан.


Тој пред неколку дена дипломираше на Факултетот за економија и менаџмент во Бања Лука. Иако се зборува дека за неговата лична економија се грижи неговата мајка, а тој во животот е одлучен да продолжи да се занимава со бокс, диплома е диплома, па Вељко сега е дипломиран економист.


Оваа радосна вест ја сподели и Цеца на социјалните мрежи.
Синот на Цеца исто така пред некое време откри и дека ќе добие син и ќе го оживее името на татка си. Цеца нема ништо против тоа, на неа и се допаѓа традицијата да продолжи да се негува, бидејќи и самиот Вељко е крстен по неговиот дедо, но сепак не се меша во изборот на младите сопружници.