ШАМПИОНСКИОТ ПАТ НИЗ ФОТОГРАФИИ: Македонските срца полни, пулсираа како едно за ВАРДАР!

ИЗВОРСкопје24
|

Илјадници граѓани, спортски фанови и поддржувачи се собраа вчеравечер на скопскиот аеродром и на плоштадот „Македонија“ и ги пречекаа европските шампиони- ракометарите на РК „Вардар“.

Скопје вчера пулсираше со позитивна енергија и извици на поддршка, а атмосферата кулминираше кога нашите ракометни шампиони се качија на бината и го подигнаа пехарот.

Низ фотографиите на Град Скопје, погледнете го патот на црвено-црните шампиони од аеродромот до плоштадот.