Јајцата се оброк кој лесно се спрема и е многу вкусен, но дали е добро тие да се консумираат секое утро?
Поради лошиот углед и фактот дека јајцата се извор на холестерол, многумина сметаат дека тие го подигнуваат нивото на холестерол во крвта и дека допринесуваат за развој на срцеви болести. Но, тоа не е точно – јајцата содржат 180-186 милиграми холестерол, додека вашиот црн дроб произведува многу повеќе, околу 1000-2000 милиграми холестерол дневно.
Затоа, количината на холестерол која се наоѓа во јајцата не е преголема, што значи дека нив можете да ги консумирате секој ден.
Докторите и светските нутриционисти се сложуваат со фактот дека јајцето е исклучително здрава намирница и дека, доколку се јаде со мера, не може да го загрози вашето здравје туку може само да го подобри. Консумирањето јајца секое утро прави чуда за вашиот организам бидејќи тие му даваат на телото 14 хранливи материи помеѓу кои се витамините А, Д и Е, како и железо, цинк, фолна киселина и холин. Јајцата се од исклучителна важност за вашата коса, коски, заби и очи.
Нутриционистите велат дека три јајца дневно се совршената мера за одржување на доброто здравје и дека со помош на нив, вие ќе внесете околу 20 грама протеини кои ќе ве заситат се’ до ручекот. Јајцата задолжително консумирајте ги со зеленчук со цел да внесете дополнителна количина на влакна, како и витамини и минерали.
Сепак, постои начин кога јајцата можат штетно да влијаат на вас, а тоа е кога претерувате со нивниот внес, но доколку се држите до мерата од три јајца на ден, тогаш ќе бидете “здрави како дрен”.