Меган Маркл и принцот Хари им се придружија на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во замокот Виндзор во саботата за да ги поздрават ожалостените кои дојдоа да и оддадат почит на кралицата Елизабета Втора. Оттогаш, на Твитер се прошири теорија на заговор дека Меган всушност носела микрофон под фустанот.
„Што се крие под фустанот?“ напиша една личност на Твитер, предизвикувајќи лавина теории за тоа што би можело да биде.
„Дали таа носи микрофон за да можат да ги искористат случувањата со кралицата за нивното реално шоу“, напиша една корисничка, сугерирајќи дека можеби ја снима целата ситуација за претстојниот документарец на Нетфликс.
Некои тврдеа дека всушност станува збор за медицинско помагало.
„Носам монитор за гликоза и сензорот ми е со иста правоаголна форма“.
Извор близок до Меган набрзо излезе во медиумите, демантирајќи ги тврдењата дека војвотката носи микрофон.
„Таа теорија е луда и и штети на неа. Секако дека не носеше микрофон“, изјавил изворот.