Симан: На навивачите им беше кажано дека Арсенал се сели на „Емирати“ за да биде поголем и подобар клуб

|

Фудбалерите на Арсенал ја продолжија очајната форма и минатиот викенд кога на гостувањето кај Норвич ремизираа со 2:2.

Легендарниот голман на „Топчиите“, Дејвид Симан не ја крие својата фрустрираност од играта на екипата во одбраната, но и општо од резултатите на лондонскиот клуб оваа сезона.

„Навистина боли. Кога бевме на теренот, од нас се очекуваше да освојуваме титули, а не само да завршиме меѓу четирите најдобри екипи. На навивачите им беше кажано дека Арсенал се сели на „Емирати“ да да биде поголем и подобар клуб, а работите не се остварија“, изјави Симан и додаде:

„Постојат многу работи кои треба да се сортираат, очигледно тренерот, но тимот исто така треба да се сортира. Изгледаме така лошо во задната линија што е фрустрирачки што ништо не е направено. И не само што примаме голови, туку дозволуваме и толку шанси. Тоа е срамно“, изјави Симан.