|
Нашата позната пејачка и докторка, Симона Поповска е активен корисник на социјалните мрежи, но најчесто објавува моменти од своите работни ангажмани, кога е во бел мантил и кога е пред микрофон.
За промена, периодов, таа ги изненади своите следбеници со тоа што делумно го објави новогодишниот амбиент од својот дом.
Како што е редот, фотографијата од домот и накитената елка, ја објави на Инсатграм, а новогодишното дрво е целосно украсено со бели лампиони и сребрени панделки и цветови.
Елегантно и минималистично, но сосема впечатливо и магично. Засега под елката стои само еден Дедо Мраз, а сигурно набрзо ќе ја надополни и со подароци.