Синот на Брена откри што му смета откако достигна голема популарност

ИЗВОРnovlist.mk
|

Пејачот Стефан Живојиновиќ, во јавноста познат како син на Балканската дива Лепа Брена откри како ги заработил првите пари, а потоа зборуваше и за девојките со кои често го поврзуваат.


-„Првите пари ги заработив на мојата прва свирка. Кога одлучив дека музиката е тоа што навистина сакам да го работам, тогаш почн ав и да настапувам, па и да заработувам самостално“- откри Стефан за магазинот „gloria“.


Иако не открива многу детали за својот приватен живот, пејачот кој важи за заводник откри како реагира кога ќе прочита дека е во врска со некоја девојка која дури и не ја познава.

-„Морам да признаам дека тоа сега почна да ми смета. Во последно време ме поврзуваа со доста девојки, а телефонот ми звони безброј пати заради такви невистини и тоа многу ме нервира. Мене ми е најважно моите најблиски да знаат што е вистина, но не треба да се претерува„- изјави Стефан.