Сите ги спуштаме ролетните кога ќе блесне сонцето: После ова ќе се размислите дали да ја затемните собата

ИЗВОРНов Лист
|

Доколку мислите дека е подобро да седите во темна просторија, се лажете. Токму сонцето е корисно не само поради витаминот Д туку поради тоа што ги уништува бактериите кои владеат во собата.

Истражувачите од Универзитетот во Орегон во три одвоени соби изложиле бактерии. Едната соба била во мрак, другата изложена на сончева светлина, а третата на ултравиолетови зраци. По 90 дена истражувачите ги собрале и ги проучувале резултатите од сите соби.

Мрачната просторија се покажала поприкладна за живот и за размножување на бактерии и во неа имало во просек 12 отсто повеќе бактерии. Во просториите изложени на дневна светлина и на УВ знаци, само 6,8, односно 6,1 проценти од бактериите биле одржливи.

Освен тоа, бактериите од мрачните простории биле поповрзани од бактериите од другите две соби. Според резултатите од истражувањето научниците заклучиле дека сончевата светлина може да ни помогне и во спречување на респираторните болести.