Шели Ен Фрејзер Прајс е најбрзата жена на светот. Оваа жена во неделата на СП во Доха го освои златниот медал, а ова е нејзиното петто финале на шампионат од ваков вид, а на три од нив го освоила првото место.
Славната Јамајчанка докажала дека е кралица на брзината и дека е женски пандан на Јусеин Болт во атлетиката, а овој медал на некој начин бил историски.
Шели Ен е првата мајка која во последните 24 години освоила некое светско или олимписко злато, но и највозрасната жена која успеала во тоа, со оглед на тоа што има 33 години.
„Жените продолжиуваат да го покажуваат тоа што знаат. Се надевам дека ќе ги инспирирам сите жени кои размислуваат дали да основаат семејство или се прашуваат дали доколку го направат тоа ќе можат да се вратат во спортот во кој дотогаш биле“ – изјавила атлетичарката.
Таа веднаш откако ја поминала целта го прегрнла својот двегодишен син Зијон, споделувајќи ги своите први моменти на радост токму со него, а емотивните фотографии на мајката и синот го обиколија светот.
Фрејзер останала бремена кон крајот на 2016-та година, што практично значело дека од теренот ќе се откаже околу 20 месеци и луѓето се прашувале дали воопшто ќе се врати на него.
„Кога дознав дека сум бремена, седев на креветот два часа и не отидов на утринското вежбање, не знаев што и како ќе правам понатаму. Но, на крајот се заколнав дека ќе се вратам на теренот“ – објаснила и додала дека на 6-ти август 2017-та година ја гледала финалната трка на 100 метри на тогашниот шампион на светот.
„Се сеќавам дека породилните болки почнаа додека ја гледав таа трка. Наредниот ден на свет го донесов мојот син, баш вечерта кога се одржуваше церемонијата за доделување на медалите. Тој беше мојот златен медал“ – изјавила атлтичарката.
Шели Ен додала дека Зијон го доела 15 месеци, напоредно тренирала секојдневно и се обидувала да се врати на терен што побрзо.
„Тој беше мојата сила какои моето семејство, мојот сопруг… Тие ми даваа сила. Кога сите други се сомневаат, тие веруваат во мене“ – заклучила таа.