Сите патишта водат во Рим: Новото Ферари го носи името на Вечниот град

|

Новиот модел “Roma” претставува омаж на главниот град на Италија и неговиот брз и динамичен темперамент.

По моделите кои носеле имиња на некои италијански градови, како Маранело, Модена и Портофино, Ferrari еден од автомобилите нарекол по главниот град на таа земја. 

Иако “Ferrari Roma” има модерен дизајн, овој автомобил е обликуван под влијание на моделот од половината на 20-тиот век, како што се 250 GT Berlinetta Lusso и 250 GT 2.

https://www.instagram.com/p/B40ptFjI3qT/?utm_source=ig_embed

Рома ја придвижува 3.9-литарскиот twin-turbo V8 мотор на Ferrari со 650 коњски сили, достапни при 7.500 o/min и 760 Nm максимален вртежен момент.

Силата на тркалата се пренесува преку 8-брзински автоматизиран менувач со двојно квачило.

Благодарение на оваа комбинација на погонски и пренесен систем, автомобилот тежок 1.472 килограми од 0 до 100 доаѓа за само 3,4 секунди, а до 200 на час за 9,3 секунди.

Во Ferrari наведуваат дека максималната брзина на Roma е повеќе од 320 км/ч.

Погледот во патничката кабина открива интересни детали, како издигната централна конзола која ги раздвојува возачот и совозачот.

И додека возачот пред себе има голема дигитална табла, на централната конзола се наоѓа исто така голем екран на мултимедијалниот систем, а пред совозачот уште еден дисплеј, наменет само за него.

Ferrari засега не открил податоци за цената, како ни датум на почетокот на производството на Рома.