Еден од најпопуларните пијалаци во последниов период е мешавината од праз и два литри минерална вода, а наводно дава и одлични резултати кога станува збор за исфрлањето на вишокот вода во организмот.
Нутриционистката Тања Олајџија за почеток истакна дека празот треба и тоа како да биде дел од нашето мени.
„Празот е права ризница на минерални материи и разни видови на витамини, и баш затоа би го ставила во секој вид на исхрана. Листот содржи витамини, но поради добриот вкус е паметно да се користи и белиот и зелениот дел“ советува Тања.
Истотака таа тврди дека спомнатиот пијалок нема никакво магично дејство, а ако дава некакви резултати – за тие постои објаснување.
„Популарниот рецепт од два литри минерална вода со праз може да даде резултати во одредени случaи – односно губење на масни наслаги. Објаснувањето на овој феномен најверојатно лежи во тоа дека станува збор за поединци кои не внесувале доволно течности пред овој напиток. Со 2 литри минерална вода, која дава чувство на заситеност и полн стомак, луѓето немаат потреба за храна и затоа масните наслаги ги снемува“ објаснува Тања и напоменува дека ова никако не е добро решение.
„Сепак треба да имаме на ум дека минералната вода содржи голема количина на сол и дека два литри дневно воопшто не е здраво за човечкото тело. Со оглед на тоа ве советувам да испиете 2 литри негазирана вода и да јадете праз во салата“ советува Тања.