Сите се прашуваат зошто Самсоненко не ги испрати Вардарци во историја- еве ја причината

ИЗВОРСкопје24
|

Сергеј Самсоненко синоќа не беше во ложата во СЦ „Јане Сандански“ каде вообичаено од ложата ги следи натпреварите на ракометниот шампион на Македонија и да го испрати шампионскиот тим, кој тој го создаде, во историја.

Според информациите до кои дојде „СПОРТМЕДИА“, Русинот немал срце да се збогува со Вардарци. Тој дуелот, во кој Вардар го даде најдоброто од себе, го следел дома, на малите екрани.

Првиот човек и спонзор на ракометниот клуб Вардар пред неколку дена ја извести јавноста дека од следната сезона нема повеќе да ги финансира „црвено-црните“.

„Црвено-црните“ го одиграа најдобриот натпревар сезонава, го прегазија Пик Сегед во првата четвртфинална пресметка и се најдоа на чекор до нов пласман во Келн.

Салата вчеравечер беше исполнета со емоции…Додека фановите скандираа ШАМПИОНИ, ракометарите со солзи во очите се простуваа од нив…тука во Скопје ги доживеаја најдобрите денови, имаат шанса да играат пред најдобрите навивачи, во најдобрата атмосфера, но ете до тука било..