Скопјани не ги почитуваат препораките на Градот– не користат бесплатен превоз

ИЗВОРновлист
|

Скопјани не ја почитуваат и не ја користат една од пакетот мерки на градот – бесплатниот превоз. Извештаите велат дека се уште не се зголемува свесноста за користење на јавниот превоз. И кога воздухот е толку загаден, тие не ја напуштаат удобноста на своите автомобили.

– Билетот за едно возење се наоѓа во тест фаза. Засега има до Матка и одредена количина е пуштена во оптек. Не би сакала да лицитарам со датум кога ќе биде целосно пуштена, ќе чини 50 денари. Правиме напори испораката на новите автобуси да биде предвреме. До почетокот на летото сите тие треба да бидат дел од јавниот превоз, рече во „Утрински брифинг“ портпаролот на ЈСП, Деспина Димовска – Трајкова.