Скопје се ближи кон врвот на светската листа за најзагадени градови

ИЗВОРНов Лист
|

Според официјалните податоци на сајтот „World Air Quality Index”, Скопје го држеше шестото место на листата на најзагадени градови во светот, кое набрзо го престигна во вечерните часови и го достигна петтото место.

Загаденоста најмногу беше присутна во населбата Ѓорче Петров, каде беа измерени 8 пати поголемо загадување од дозволеното.Мерните станици измерија 407 микрограми ПМ-10 честички на метар кубен кое е далеку поголемо од дозволениот број од 50 μg/m3.