СКУБЕ: БАРСА Е НАЈДОБРИОТ ТИМ, НО МОТИВАЦИЈАТА Е КЛУЧНА, СÈ Е МОЖНО ВО КЕЛН

ИЗВОРСкопје24
|

Сташ Скубе за првпат во својата кариера ќе настапи на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. Словенечкиот ракометар одлично се снајде во дресот на македонскиот првак, Роберто Гарсија Парондо му даде шанса, а тој не чекаше многу, веднаш ја зграби.

„Имам важна улога во тимот и доста време минувам на теренот што ме прави да се чувствувам посебно во Вардар. Брзо ме прифатија, тоа беше клучно за моите игри во Лигата на шампионите“, вели Скубе, кој постигна 55 гола во Лигата на шампионите.

Вардар во полуфиналето на Ф4 ќе игра против Барселона. На сите во таборот им е јасно дека противникот е речиси незапирлив, но онаа посебна мотивација која само по себе ја наметнува завршницата во ЛШ им дава голема надеж за сензација.

„Нашиот противник во полуфиналето е еден од најдобрите тимови во Европа. Сигурен сум дека ќе имаме многу тешка задача, но ако го земеме во предвид целото шоу во Келн, како и мотивацијата која ја имаат сите тимови, можам да кажам дека сè е можно.

Главна цел на Вардар оваа сезона беше да ја освои СЕХА лигата и да се квалификуваме за Келн. Откако успеавме во тоа ќе се обидеме да изненадиме и да стигнеме до врвот“.

ВИДЕО: Вардар доби нова навивачка химна во пресрет на Ф4 во Келн

Македонскиот ракометен првак Вардар се подготвува за настап на Ф4-турнирот во Келн во рамки на Лигата на шампионите, а навивачите на „црвено-црните“ имаат нова песна со која ќе ги бодрат своите миленици во Германија.

Екипа „АСОВИ“ и Александар Митевски направија преработка на песната „Признавам“ од Маријана и Росана, а истата го носи името „Вардаре, не те оставаме“. Автор на истата е Тоде Новачевски, аранжер и продуцент е Александар Митевски, додека продуцент е Бобан Василески.