СЛАДОЛЕД со КАПИНИ и БИСКВИТИ – Прекрасен десерт од неколку состојки

|

За љубителите на брзи кремасти десерти, доаѓа фин сладолед со плазма бисквити, чоколадо и капини, кој, се надеваме, ќе ги освои вашите срца… Уживајте!

Состојки: 250 мл слатка павлака, 200 мл млеко, 10 лажици мелени бисквити, два реда рендано темно чоколадо и 150 гр капини.

Подготовка: Слатката павлака измешајте ја во шлаг. Во млекото додадете го ренданото чоколадо, изгмеченото овошје и бисквитите. Измешајте кратко, и додадете го шлагот, се убаво измешајте, па ставете во сад и во замрзнувач да отстои преку ноќ.