Славчо Попоски најавува интензивен пороен дожд, град и силен ветер

ИЗВОРНов Лист
|

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, до четврток времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови и понатаму во следните денови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, а малку пониски температури ќе имаат северните и североисточните предели од државава.


Освежување на времето, засилен северен ветер, како и нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи и нестабилност ќе има во петок. Исто така од петок температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени. Локални врнежи и нестабилност ќе има и за време на викендот. И во Скопскиот регион од петок па натаму температурите позначително ќе опаднат. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, а и понатаму ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.