Со овој тип на овошје бидете внимателни

ИЗВОРСкопје24
|

И покрај горчливиот вкус кој го има, цитронот е овошје кое има многу витамини неопходни за нашето здравје.Тој помага да го стопиме салото од нас, содржи голем број витамини, минерали, а особено витамин Ц и спаѓа во групата антиоксиданси. Цитронот помага во ослободување од вишокот килограми.

Цитронот е многу моќна храна која треба секојдневно да се наоѓа на нашето мени. Тој претставува лек за премногу болести, а сето ова е научно докажано со многу експрименти.

Иако има доста благотворни дејства цитронот, со него треба да бидете многу внимателни доколку пиете лекови, бидејќи оваа комбинација може да предизвика несакани реакции.

Предностите на цитронот се бројни, – го штити срцето така што го намалува лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц, го забрзува метаболизмот… Сепак бидете многу внимателни со ова овошје доколку пиете лекови бидејќи само еден цитрон дневно е доволен да предизвика несакани дејства од медикаментите.

Бидете особено внимателни кога пиете лекови кои се користат за намалување на холестеролот. Според извештајот на американската агенција за храна и лекови, паралелното консумирање на цитрон и лекови за намалување на холестеролот, го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб, бубрезите и опасноста од откажување на мускулите.

Не се проблематични само овие лекови. Во потенцијално опасната група се и лековите за крвни садови и за заболено срце. Цитронот реагира и со лековите кои се препишуваат за анксиозност, заболување на централниот нервен систем, инфекциите на уринарниот тракт.

Затоа, пред да започнете со консумација на ова прекрасно овошје, проверете дали тој има штетно влијание на лековите кои ги користите. Најчесто во упатството на лекови е наведено доколку со одреден лек не се препорачува да консумирате цитрон, но и доколку не е наведено вие консултирајте се со вашиот лекар или доколку терапијата е кратка тие денови избегнувајте го ова овошје.