Сочувајте го здравјето на детето – како да го наместите клима-уредот

ИЗВОРСкопје24
|

Издвојуваме неколку клучни правила за употреба на клима-уредите во текот на топлите денови со чија помош нема да му наштетите на здравјето на вашето дете.

Топлите, летни денови се деликатни за родителите со бебиња или со помали деца. Вечна дилема е колку смееме со клима-уред да го разладуваме просторот каде што престојуваат најмладите членови на семејството. Ова се златните правила:

– Климата не смее директно да дува во детето.
– Важно е филтрите на климата да се чистат секоја година.
– Можеби најважниот совет е да не правите фрижидер од станот и да го наместите клима-уредот да постигнува пријатна температура, односно неколку степени помалку отколку што е надворешната.

Тоа значи дека ако надвор температурата е 36 степени, сосема е доволно клима-уредот да го наместите да дува на минимални 28 степени. Ќе почувствувате свежина во просторот, а детето нема да трпи големи температурни промени кои можат да бидат опасни за неговото здравје.

– Децата не смеат да трпат никакви температурни промени бидејќи нивниот терморегулациски центар не е доволно развиен и онолку колку што е надворешната температура, толку прима и нивниот организам, па често на ваквите топли денови може да дојде до прегревање. Идеална температура е 26 степени во просторијата каде што престојува детето – вели педијатарот Милан Лековиќ од Србија.

Важно е со детето да не излегувате одеднаш од климатизираната просторија. Исклучете ја климата, отворете ги прозорците 15 минути пред да излезете надвор за нивното, а и вашето, да се навикне на надворешната температура.

Доколку планирате возење со автомобил заедно со детето, истите правила важат и за автомобилот. Климата не смее да дува директно во детето, немојте премногу да го разладувате автомобилот и пред да излезете, исклучете ја климата за да се навикнете на надворешната температура.

Клима-уредите се добра работа, само треба паметно да се употребуваат и да не се претерува со ладењето.

Извор: Деца.мк