Одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ веќе навестува дека ќе создаде голем хаор и во светот на фудбалот. Брегзит ќе претставува голем проблем и за еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси.
Доколку Велика Британија излезе од Европската унија тогаш Меси нема повеќе да може да игра во земјите од Обединетото кралство. Политиката е таква што во Велика Британија нема да може да влегуваат граѓани кои се надвор од ЕУ, а кои притоа имале било каква осуда во земјите членки на ЕУ. А, познато е дека Меси беше прогласен за виновен околу затајување данок во Шпанија, па како казна плати 15 милиони евра. Избегна затворска казна, но и оваа осуда претставува проблем за влез во Велика Британија.
Англиските медиуми наведуваат дека доколку Велика Британија излезе од ЕУ а Барселона игра натпревар на Островот, Меси со сигурност нема да може да добие виза за влез во оваа земја.
Веќе и во УЕФА се размислува околу овој проблем, па челниците на Европската куќа на фудбалот уште од сега се обидуваат да најдат решение затоа што има голем број на фудбалери кои би се соочиле со овој проблем.