Сонцето во конјункција со Нептун на 12 март: Како да ги искористиме нивните моќни енергии?

|

На 12 март Сонцето ќе биде во конјункција со Нептун. Тоа ќе биде ден на креативност и духовен раст. Овој астролошки настан ќе ни помогне да сфатиме дека сите сме поврзани, дека во нашата суштина сме само Едно. Од друга страна, ќе ни помогне и да се поврземе со нашата интуиција.

Сонцето секоја година стапува во конјункција со Нептун, а кога тоа ќе се случи, ќе ни овозможи полесно да ги користиме неговите планетарни енергии. Енергијата на Нептун е креативна и ни помага да го напуштиме рационалниот ум и да влеземе во соништата. Ќе нè наведе да размислуваме подалеку од она што можеме да го видиме со нашите пет сетила и ќе нè потсети дека животот не се сведува само на видливото.

Нептун, покрај другото, е планета поврзана со повисоката свест и сферата на безусловна љубов. Неговата енергија ќе ни помогне да сфатиме дека времето е само илузија, а животот се сведува на моменти без почеток и крај. Ќе ни послужи за креативна работа, за истражување подлабоки состојби на свеста, но нема да биде многу поволна при донесување логични, практични одлуки.

Нептун може да го оневозможи нашето рационално расудување што значи дека неговата енергија не е погодна за носење конкретни одлуки. Покрај тоа, воздржете се и да донесете некаков суд со оглед на тоа дека не сите информации ви се достапни во присуство на Нептун.

Искористете ја енергијата за да ја подобрите интуицијата, работете на креативни задачи и искористете ја љубовта во обликот во кој ви се нуди. Поминете повеќе време во медитација за да се поврзете со вашето духовно тело. Дајте ѝ можност на вашата душа да зборува и прашајте ја што ѝ треба