Сопственикот на ИТ Кафе во Охрид, кој е сопственик на уште два други бизниса, ги испратил своите 140 вработени на платен одмор во Турција, со чартер лет. Оваа информација се појави прво на социјалната мрежа Твитер:
Викенд-топ сезона во Охрид ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан.Причина?Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција ултра олл.Многу од нив прв пат се качија во авион. pic.twitter.com/LMMXNhhxkZ
— плавуша со црн корен (@plav_usa) September 13, 2020
На фејсбук-профилот на локалот е поставена следната објава:
Почитувани гости ве известуваме :-ИТ Кафе од ден 12/09/2020 сабота нема да работи поради користење на годишен…
Gepostet von It Cafe am Freitag, 11. September 2020
Секоја чест за овој бизнисмен. Редок пример за тоа како еден сопственик на бизнис во Македонија се грижи за своите вработени, посебно во време кога многу приватни бизниси „настрадаа“ поради кризата.