Во последно време диетите станаа навистина популарни, но тие и понатаму не се здрави и не се советува нивната примена, вели професор доктор Дејан Ќубрило.
„Апсолутно не верувам во диети. Не ми е нормално некој за десет дена да изгуби голем процент на масти. Црниот дроб е многу важен орган, тој ја грее крвта. Тој е клучен орган за нашиот организам, а диетите лошо влијаат на неговото функционирање, а со самото тоа и лошо влијаат на функционирањето на самиот организам. Се е во исхраната“, додава Ќубрило.
Тој смета дека сите на Балканов јадат повеќе отколку што треба.
„Ние живееме од нашите масти, доколку имаме услов да ги топиме. Се што јадете треба да го потрошите, односно мастите да ги претворите во мускули и здрава енергија“, вели докторот.
Експертот додава дека нема врска колку често одите во тоалет со тоа колку ви е брз метаболизмот, затоа што честото одење во тоалет само значи дека не ви фукнционира организмот како што треба, па се што јадете само ви поминува низ организмот.
„Нашите деца јадат премногу, јадат често и тоа храна која брзо го подигнува нивото на инсулинот. Тоа е магичен круг кој на крај разултира со наталожување на вода. Давајте им на децата да јадат маснотии: сланина, сирење, кајмак, ајвар, намачкајте им на леб, не мора да биде ниту интегрален леб, било кој, обичен леб, затоа шшто тоа е подобро отколку да им давате да јадат слатки“, истакна Ќубрило, констатирајќи дека во растот на децата мастите го хранат организмот.
„Доколку децата имаат нормален раст, исхрана, се создава здрав организам и сите организми функционираат како што треба. Затоа можат да јадат и нешто нездраво понекогаш, не треба ништо да им забранувате на децата“, вели овој експерт, додавајќи дека секоја диета во која се спречува голем внес на храна е корисна диета.
Треба да губите вода и гасови додека сте на диета, а не масти, вели докторот.
„Оној кој не ја вари храната, има гасови, што создава дополнителна нервоза и психички проблеми, го блокира целиот организам, така што некои диети можеби предизвикуваат губиток на килограмите но создаваат многу поголеми проблеми во организмот. Секој кој е гладен има пореметување во организмот“, завршува доктор Ќубрило.
Подготви: Наталија Јосифоска