|
Фитнес експертите истакнуваат дека шансите за слабеење се поголеми ако вежбате во овој период.
Можеби нема да ви се допадне и ќе кажете дека тогаш и ви е потребна најголема мотивација, но стручњаците наведуваат дека веднаш по будењето е најдоброто време за вежбање.
Пред оброкот и кафето веднаш би требало да одите на тренинг, бидејќи тогаш се постигнуваат видливи резултати, а и тоа ќе ви помогне да ги наполните батериите за целиот ден.
Зошто е тоа добро?
- Вежбањето ќе ве исцрпи и ќе ви ја зголеми потребата за појадок, а студиите покажуваат дека добриот појадок ги инспирира луѓето да носат подобри одлуки во текот на денот.
- Голема е веројатноста дека по вежбањето ќе конзумирате здрави намирници во текот на денот.
- Ќе согорите 20% повеќе маснотии од другите делови во денот.
- Потењето ќе ги исфрли сите токсини од организмот, веднаш наутро.
- Ќе го забрзите метаболизмот, а метаболизмот кој добро функционира, троши повеќе маснотии и доведува до витко тело.
- Имате цел ден за уживање, бидејќи сте завршиле со напорниот тренинг рано.
- Наутро имате највеќе енергија и тогаш тренингот е најефикасен.