Спасовски, Османи и Филипче не присуствуваат на Советот за безбедност после заразениот кумановски градоначалник

|

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко не присуствуваат на седницата на Советот за безбедност на кој се расправа за продолжување на вонредната состојба на територијата на цела држава.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопштуваат како процедурално ќе се одвива седницата и за донесените одлуки ќе ги објави претседателот.

Тројцата владини високи функционери вчера беа на средби во Куманово на кои беше присутен Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, за кого денеска е потврдено дека е позитивен.

Вицепремиерот Османи откако денеска се потврди дека кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е позитивен, објави дека и покрај тоа што цело време бил со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решил денес да не оди на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолира до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите.

Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно“, соопшти Османи.