Србија и Косово потпишаа важен договор со посредство на САД

|

Србија и Косово потпишаа договор, заедно со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалниот кабинет во Белата куќа.
Александар Вучиќ, Претседателот на Србија, изјавил дека има многу разлики меѓу Белград и Приштина, но дека ова е голем чекор напред, пренесува Ројтерс.

Ројтерс исто така пренесува дека според Американскиот претседател Доналд Трамп – Белград и Приштина се посветени на економската нормализација и дека е постигнат чекор напред кон економската соработка.

Интересно е што, делегацијата на Косово доцнела на состанокот во Белата куќа на средбата со претседателот на САД. Доцнењето се должело на тоа што Партијата предводена од Рамуш Харадинај се спротивставувала на потпишувањето на договорот и најавила излегување од косовската влада доколку договорот биде потпишан.

Глас на Америка извести дека Вучиќ и Хоти треба да се сретнат одделно со американскиот државен секретар Мајк Помпео, по средбата во Белата куќа.