Среќа во љубовта за водолиите, рибите емоционално задоволни – Дневен Хороскоп (19.04.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Напнатите односи во домот или приватната фирма се резултат на вашата неорганизираност. Тврдоглавоста ве прави непријатни за разговор а со тоа правите и погрешни потези. Тоа може лошо да се одрази на односот со домашните но и со колегите, особено ако носите голема одговорност.

Бик (21.04 – 21.05)

Најдете време за добар сон. Проблемот кој денеска ќе го имате се однесува на вашето здравје. Се чуствувате омалаксано, исцрпено и лошо. Само со одмор и правилна исхрана оваа состојба можете да ја сведете во нормала. Емотивните недоразбирања се последица на претераните очекувања и идеализирање на партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Притисокот кој го чувствувате и проблемите кои треба да ги решавате нема да ве заобиколат ни денес. Имате чувство како да се будите во ист ден и одново решавате исти проблеми. Доколку не застанете и не размислите како да го смените правецот на делување, одново ќе ви се случуваат истите работи.

Рак (22.06 – 22.07)

Дадете се од себе за да го издржите денешниот ден. Не се срамете јасно и гласно да кажете што мислите без оглед какви ќе бидат критиките на околината. До некои ваши цели ќе стинете само доколку бидете дисциплинирани и научите да штедите пари.

Лав (23.07 – 22.08)

Не мислете дека сите треба да играат по ваши правила. Доколку денес се занимавате со семејниот буџет, можно е да доживеете шок. Непланираните трошоци одеднаш ќе избијат на виделина и ќе ви предизвикаат нервоза.

Девица (23.08 – 22.09)

Родените на почетокот на знакот имат сјајна перспектива во работата со странци. Оние кои се родени во средната декада на знакот ќе добијат поддршка од некое лице кое е на висока позиција. Не сте подготвени да ризикувате во поглед на финансиите, но сепак прифатете некои сугестии од блиските лица.

Вага (23.09 – 22.10)

Пасивните полесно ќе го преживеат овој неповолен период кој доаѓа. Напнатоста постапно ќе ви се зголемува. Неповолните аспекти на планетите ќе ви донесат тешкотии во некои работи. Ве очекуваат и непријателства кои можат сериозно да ја загрозат вашата позиција.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ова е добар ден за вас. Ќе бидете брзи и практични. Ќе сакате да си посветите малку повеќе внимание на себе си, односно на физичкиот изглед. Не се затворајте во домот, без оглед дали сте слободни, излезете и дружете се.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашата ситуација е делумно добра, бидејќи примате добри аспекти од планетите, па сите работи поврзани со комуникации одлично ќе ви напредуваат. Ќе се чуствувате среќно работејќи ги работните задачи кои ви претставуваат задоволство.

Јарец (22.12 – 20.01)

Одлично се чувствувате за било каков почеток, во деловните или приватните сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денес навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ви се стабилни.

Водолија (21.01 – 19.02)

Застојот на акциите или очекувањето на нешто за вас посебно важно, ќе го намали интересот за приватност. Во љубовта очекувате од партнерот да ги подели вашите сонови и планови, а нагласеното дружење со пријателите ветува добра забава.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен ден. Започнете со усовршување на знаењето.