Овие јаткасти плодови се полни со хранливи материи и витамини, па добро делуваат на нашиот организам. Овој метод ќе ви помогне да ја подобрите меморијата, да го зачувате срцето и да го намалите холестеролот.
Препорачливо е да јадете само неколку бадеми дневно, токму поради нивната јачина и хранлива вредност, а подобро ќе влијаат на вашето тело доколку ги оставите потопени во вода во текот на ноќта. Ова ќе ја намали киселоста во лушпата.
На овој начин телото подобро ќе ги апсорбира хранливите материи од бадемите, витамините и минералите, но и ќе ја поттикне активноста на ензимите во организмот и ќе го подобри варењето.
„Влажните“ бедеми содржат повеќе витамини од групата Б и ензими, но тие се и повкусни од сувите.
Бадемите се добар извор на калциум и железо, но тие се и моќни антио*сиданси кои ќе не направат поздрави. Благодарение на витаминот Е, влакната и фолната киселина, „влажните“ бадеми го подобруваат варењето, помагаат при дијабетес, проблеми со кожата и хронични заболувања, како што се срцеви проблеми и ревматоиден артритис.
Покрај тоа, тој е ефикасен сојузник во слабеењето бидејќи нивното богато количество влакна го намалува чувството на глад, а со тоа и внесот на калории и го поттикнува слабеењето. Најдобар пристап е да киснете во две чаши вода 24 часа.
Подготовка: Во сад ставете околу 250 грама бадеми и прелијте ги со топла вода.
По 12 часа исцедете ја водата и додадете две лажици сол во бадемите. Потоа повторно наполнете го садот со топла вода и оставете ги бадемите во него уште 12 часа.
По 24 часа во водата, лесно ќе ја отстраните кафената лушпа од бадемите, доколку веќе не се откачила.
Натопените бадеми можете да ги користите седум дена, без страв дека ќе ја изгубат нивната хранлива вредност.