За јајцата се вели дека се едни од 10 најздрави намирници на светот и тоа е причина зошто е добро да ги јадете секој ден.
Секако, секогаш кога имате прилика бирајте домашни јајца, од кокошки кои шетаат во дворови и сами пронаоѓаат храна – таквите јајца се неспоредливо најздрави.
Топ причини зошто да јадете јајца секој ден
1. Даваат енергија
Едно јајце има околу 6 грама квалитетни протеини и само 70 калории. Изедете две јајца со половина шоља овесна каша и ќе зрачите од енергија цел ден.
2. Ја подобруваат функцијата на јетрата
Секако јајцата го подобруваат метаболизмот, пренесуваат витамини и минерали и ја подобруваат функцијата на јетрата.
3. Го смалуваат лошиот холестерол
Истражувањата покажаа дека секојдневното конзумирање јајца може да го намали лошиот холестерол во телото и го зголемуваат добриот холестерол. Со тоа се намалува ризикот од срцеви болести и мозочен удар.
4. Го подобруваат видот
Во јајцата се наоѓаат два антиоксиданси – лутеин и заексантин, а тие штитат и ја намалуваат шансата за настанување на очни болести. Покрај тоа го подобруваат видот.
5. Даваат чувство на среќа
Во нив се наоѓа есенцијални аминокиселини кои одговараат за ѕблажување на тегобите, го намалуваат стресот во телото и влијаат за подобро расположение.
6. Помагаат во губењето на вишокот килограми
Изедете јајце да појадок и во текот на денот ќе јадете помалку – така барем тврдат експертите. Високото ниво протеин во нив влијае на тоа да ве држи сити и нема да посегнете по грицки.
7. Ги штитат коските
Преполни со витамин Д, што помага во превенција од разворј на остеопороза.
8. Ги зајакнуваат мускулите
Полни со протеини кои се важни за брзо опоравување на мускулите. Добро е да изедете неколку јајца после напорниот тренинг.
9. Косата и кожата се здрави
Јајцата содржат витамин Б комплекс кој е неоходен за здрава и убава коса и кожа. Не содржат глутен.