Перењето облека сигурно не ви е една од омилените домашни обврски, но секојдневно се валка, корпата се полни, машината се полни, па диплење, пеглање и така во круг без крај.
Сепак, и покрај времето што и’ го посветувам, облеката некако премногу брзо се деформира и распаѓа, што најпрво се забележува на пешкирите.
Кој сака наутро да си го избрише лицето со груб пешкир? Поради тоа ставаме омекнувач, но тој дефинитивно не е толку моќен за да ја омекне ткаенината.
Но, алуминиумската фолија може! Или барем така тврдат домаќинките што го пробале овој трик.
Се’ што треба да направите е да свиткате парче алуминиумска фолија во топче и да го ставите во машината за перење. Уште по првото перење ќе ја забележите разликата.
Што е уште подобро, топчето од алуминумска фолија може да ви трае и половина година!
Ние ќе пробаме, а вие? Кажете ни ги впечатоците!