Манчестер Јунајтед по неколкуте добри резултати доживеа уште еден шок кој ги врати два чекори поназад во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
„Ѓаволите“ беа поразени на „Викариџ Роуд“ од Вотфорд со 2:0, а на поразот кумуваше катастрофалната грешка на Давид Де Хеа при постигнувањето на првиот погодок.
Шпанскиот голман реагираше лошо и со тоа му дозволи на Сар да го отвори резултатот. Интересно е тоа што, за еден од најдобрите светски голмани во моментов ова е дури шеста грешка која довела до гол во Премиер лигата. Со тоа Де Хеа стана играчот кој има најмногу вакви грешки кои воделе до голна противникот од почетокот на минатата сезона.
Долго време шпанскиот голман беше неприкосновен меѓу стативите на Манчестер Јунајтед, но полека и тој почнува да се вклопува во целокупното сивило кое го има зафатено клубот по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.