Стојановски првпат стартер и веднаш со деби гол за Ним

|

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски за првпат откако пристигна во редовите на францускиот прволигаш се најде во стартната постава на Ним и веднаш го запиша својот прв официјален погодок за Французите.

Стојановски беше дел од почетниот тим на Ним кој славеше со 3-0 против Ленс во 1/16-финалето од Лига купот на Франција. Македонскиот офанзивец го одигра целиот натпревар за Ним а погоди од пенал во 87. минута од средбата.

Претходно, Ним поведе со два гола уште во првото полувреме.

https://twitter.com/CanalFootClub/status/1189264094521679878