На синоќешната прослава на плоштадот Македонија, капитенот Стојанче Стоилов, ја искористи приликата да се поздрави со дел од ракометарите што ќе си заминат од европскиот шампион.
Роберто Гарсија Парондо, ја заврши својата мисија во Вардар и во иднина ќе биде селектор на репрезентацијата на Египет.
Игор Карачиќ по седум сезони ќе го гледаме во дресот на друг тим, откако потпиша две годишен договор со Келце.
Рожерио Мораес ќе оди во унгарскиот шампион Веспрем, додека голманот Дејан Милосављев ќе се пресели во бундеслигашот Фуксе Берлин.
Глеб Калараш и Дмитри Кисељов ќе одат во Мотор, односно во Чеховски Медведи, а по три сезони во Вардар ќе си оди и Јања Војводиќ.