Стравична несреќа во Црна Гора: Автобус излета во провалија – има загинати

|

Најмалку три лица загинаа, а неколку лица се повредени при пад на автобус во провалија на патот Цетиње-Подгорица, кај местото Обзовица.

На местото на несреќата се испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње, а на пат кон Обзовица се и припадници на специјалните полициски единици.

Несреќата се случила околу 12.10 часот, јавуваат црногорските медиуми.

На снимката од местото на настанот се гледа како автобусот лежи во провалија, додека спасувачите и полицијата ги извлекуваат повредените патници.