Судијата го прекина мечот на „Емирати“ поради Емери, причина беше неговата јакна

|

Арсенал вчера на „Емирати“ загуби од Анјтрахт со 2:1 во мечот од Лигата на Европа, а незадоволните навивачи продолжија да бараат клубот да го смени Унаи Емери.

Ангажманот на Емери во Арсенал не носи резултати и голем број навивачи сакаат Шпанецот што е можно побрзо да си замине од клупата на „Топчиите“, додека сезоната се уште може да се спаси.

Меѓутоа, Емери до вчера ја имаше поддршката на челниците на клубот, иако сега наводно ќе се седне на преговарачка маса и Емери има се помалку време, кој е свесен дека дека го губи компасот и дека неговата фудбалска визија не му помага на Арсенал.

А интересна сцена се случи токму вчера за време на мечот со Ајнтрахт и токму Емери беше во главната улога. Судијата го прекина мечот, наредувајќи му на Емери да ја соблече црна јакна која беше во иста боја како дресовите на гостите од Германија.

https://twitter.com/brlive/status/1200146450509914119

На крајот Емери доби сива јакна во која покрај теренот ги бодреше своите играчи, но на крајот новата јакна не му донесе среќа.