Пејачката Тамара Тодевска успешно жонглира со професионалните и приватните обврски. Да се растат, чуваат и воспитуваат деца е една од најслатките, но и најтешките обврски на родителите, а Тамара како мајка на две успева да постигне и повеќе од тоа.
Кога љубовта е присутна во количина која не се мери, тогаш сите сме почувствувале и на сопствена кожа дека можеме да правиме и издржиме и повеќе од вообичаено.
ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСТАГРАМ/БОЈАН СТОИЛКОВСКИ
Тамара периодов доста патува, има снимања, фотосесии… Но, во ниеден случај не пропушта време да биде предана мајка и да го направи распоредот така што ќе им посвети вниамние на сите, без да се запоставува себеси.
Пред да стане сопруга и мајка, познато беше дека е спанка, но сега биоритмот очиглено и се промени, па успева да го направи и речиси невозможносто.
ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСТАГРАМ
Имено, Тамара е голем љубител на ноќните забави, па и кога не настапува, а децата спијат, сака да биде излезена во град, да се забавува во пријателите и да се „журка“ како и порано.
Спиењето сега веројатно е на друго ниво, а момементите за паметење ги создава од утро до мрак.
Па така, во еден од омилените скопски ноќни клубови таа се забавуваше со друштво и пред публиката се покажа на сцена во едно сосема поинакво светло.
Имено, таа го замени диџејот и направи своја селекција на музика за присутните. Ако не беше пејачка, Тамара дефинитивно ќе беше диџеј.