Што снимил “Хабл”? Мистериозен објект дошол од друг систем

|

Агенцијата НАСА објавила фотографија од мистериозен објект кој го нарекла “2I/Borisov”, а го снимил вселенскиот телескоп Хабл.

На фотографијата се гледа комета пред оддалечената спирална галаксија, пренесува “Independent”. Оваа фотографија, како што се наведува, прикажува комета на пат низ Сончевиот систем, додека се враќа назад во меѓуѕвездениот простор. 

Кометата 2I/Borisov прв пат во август ја забележал кримски астроном аматер, според кого и го добила името. Тогаш предизвикала големо внимание ширум светот.

Научниците брзо утврдиле дека тоа е втор меѓуѕвезден објект за кој се знае дека го посетил нашиот сончев систем, по славната “Оумуамуа”, која била прва комета која влегла во нашиот соларен систем.

Оттогаш, научниците фотографираат комети што се приближуваат до Земјата за подобро да ја проучат. Првите снимки од Хабл дошле во октомври, а новите настанале во ноември и декември. Овие фотографии нудат подобар преглед на големината и другите детали од овој посетител.

https://twitter.com/esa/status/1205258998326464513