Жозе Мурињо, менаџерот на Тотенхем беше казнет и нема да може да ги предводи „петлите“ на еден меч во Лига Европа.
Казната на Португалецот е поради тоа што со задоцнување ја извади екипата на терен во второто полувреме на мечот Антверпен-Тотенхем, пред 2 недели.
Клубот заработи парична казна од 25.000 евра поради доцнењето и дополнителни 3.000 евра поради кршењето на правилата на УЕФА.
На мечот победници беа Антверпен со 1-0, а со оглед на тоа како тимот на Мурињо играше на тој меч, разбирливо е што сакал да ги задржи играчите подолго во соблекувалната.