Сутлијаш за возрасни: Додадете ја оваа состојка и прсти ќе излижете

ИЗВОРНов Лист
|

Не постои човек што не сака да јаде сутлијаш, но има една добро чувана тајна со кој ќе го направите несекојдневен и вкусен. Овој рецепт е само за возрасни бидејќи тајната состојка е рум.

Потребни состојки за 4-6 порции: 1250 мл млеко, 120 грама ориз, едно стапче ванила, 100 грама шеќер, 2 лажички рум, 1 лажичка рендана кора од портокал и парчиња портокал.

Начин на подготовка: Во сад на оган ставете ги млекото, оризот и ванилата и оставете ги додека млекото не почне да врие. Потоа намалете ја температурата на среден оган и гответе околу 25 минути додека омекне оризот.

Додајте ги шеќерот, румот и кората од портокал и гответе така уште 5-10 минути додека смесата убаво не се згусне. Поделете го сутлијашот во чинии и оставете ги во фрижидер неколку часа за да се изладат.

Сервирајте ги со парчиња портокал.